На охридска софра во Скребатно

Утре во 9 часот почнува традиционалната охридска софра во ова село на која е предвидена дегустација и оценување на највкусното ѓомлезе

0
448

Промоцијата на алтернативниот туризам во охридскиот регион, продолжувањето на традицијата која е темел на нашиот рурален развој, креативноста на жителите, производители на вкусното ѓомлезе, сирење и презентација на традиционалната храна годинава повторно ќе бидат дел од манифестацијата “Охридска софра” која ќе се одржи утре (02 септември) во селото Скребатно.

Манифестацијата ќе започне во 9 часот, а во 11.30 часот предвидена е дегустација, оценување и сумирање на резултатите. Предвидено е и обраќање на градоначалникот Никола Бакрачески и прогласување на победниците и доделување на наградите. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

11 − 1 =