Најдобрите коктел-мајстори ќе ја претставуваат Македонија во Данска

На 28.март во скопскиот Мериот хотел ќе се одржи Државно првенство на бармени, а најдобрите коктел-мајстори, кои истовремено треба да се и најдобри жонглери со барска опрема ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Копенхаген, Данска.

0
547

Државното првенство на бармени оваа година ќе се одржи во Скопје Мериот Хотел, на 28 март со почеток во 11 часот. Бармените ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема.

Натпреварот е поделен на два дела, квалификации и финале во кое учество ќе земат најдобрите 12 натпреварувачи. Натпреварувачите се оценуваат од две комисии, технички судии и „тестинг“ судии.
Новина оваа година е што натпреварувачите треба да подготват коктел во категоријата во која ќе се натпреваруваме на Светското првенство на бармени, односно категоријата Long Drinks.
Здружението на бармени на Македонија со помош на спонзорите, обезбеди на првенството да се одржат и два семинари. Првиот е на тема „Oбука на барскиот персонал и ефективност на бармените“ кој ќе содржи и презентација на нови коктели со Ketel One вотка и Bulleit бурбон. Oвој семинар ќе го води Ники Неиков – бренд амбасадор за Diageo Reserve – Бугарија.
Вториот семинар е презентација на Angostura рум, кој е нов на нашиот пазар и подготовка на коктели со него. Семинарот ќе го води Мате Ксатлос, бренд амбасадор за Angostura рум од Данска. Со тоа, покрај натпреварувачкиот дел, учесниците и присутните ќе имат можност да запознаат нови техники на подготвување на коктели и нови комбинации на вкусови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here