Наместо класична шолја кафе…

Смути со кое не само што ќе се разбудите, туку ќе ви даде енергија и ќе ве засити доволно за да издржите до првиот вистински оброк

0
138

Ако имате проблем со желудникот кога пиете кафе на гладно, а без кофеин не можете да се разбудите, ова смути е одлична комбинација со три намени: да ве разбуди, да ве засити и да ви даде енергија.

Ако во замрзнувач имате банана, ви преостанува само да си додадете во блендер и останатите состојки за да добиете ладен и освежителен пијалок. Во спротивно, додадете неколку коцки мраз и испијте го ова освежително смути веднаш откако ќе го направите.

По желба додадете и 1 лажичка мелено кафе за уште поинтензивен вкус и побрзо будење.

Состојки:

1 лажица путер со кикирики

½ лажичка екстракт од ванила

180 мл бадемово млеко (или кокосово)

60 мл сварено и оладено кафе

пола зрела банана

Приготвување:

Ставете ги состојките во блендер, а ако сакате малку поблаго смути, додадете лажичка мед или јаворов сируп.