Наместо запршка…

Наместо да правите класична запршка со брашно, ви предлагаме нови начини на кои можете да ги згуснете вашите јадења на поздрав и повкусен начин

0
278

Бидејќи летото е период на богата сезонска понуда на зеленчук и на лесни јадења, варивата и супите се чести гости на трпезите за време на врелите летни денови. Без оглед на тоа дали подготвувате богати оброци кои подразбираат и месо или пак повеќе сакате веге варијанта со зеленчук, во еден момент сигурно ќе дојдете до моментот на згуснување. Заборавете на запршката која вашето јадење ќе го направи тешко и нездраво и пробајте некоја од поедноставните алтернативи за уште повкусни јадења.

 | Author: Thinkstock
Најпозната е варијантата со додавање на компир. Во тенџерето ставете излупен и преполовен компир и варете го со останатите состојки. Кога ќе се свари, извадете го и згмечете го со вилушка па вратете го во тенџерето, варете уште кратко време и ќе добиете убаво и густо вариво. Освен компир, можете да додадете и друг зеленчук, но поради скробот што го содржи, компирот ќе биде сосема доволен.

 | Author: ThinkstockДодавањето на житарки како јачменот и просото, исто така ќе помогне за згуснување на варивото, а воедно ќе му додаде и нои нутритивни вредности. Овесните снегулки се добра алтернатива за брашното со тоа што не прават теживи на желудникот. Смелете ги и помешајте ги со останатите состојки во тенџерето и тие ќе ја впијат течноста. Можете да ги сставите и цели но ќе бидат видливи па можеби естетски јадењето нема да делува многу примамливо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

thirteen − 2 =