Наоми Кембел може да издржи со денови без јадење, но „не се изгладнува“

0
205

Четириесет и девет годишната убавица зборува за нејзините невообичени навики во исхраната во најновата епизода од британската телевизиска емисија Лорејн, и вели дека одлучува кога ќе јаде на основа на тоа како се чувствува тој ден.

„Јадам кога ми се јаде“, вели таа. „Не се изгладнувам. Ако одлучам тој ден ништо да не јадам, не јадам и пијам само вода и цедени сокови. Зависно од тоа како се чувствувам“.

Кембел вели дека не се чувствува мотивирана да јаде во деновите кога е претопло.

Во 2010 Кембел во шоуто на Опра Винфри рече дека ја спроведува рестриктивната диета, позната како „Големото прочистување“ (Master cleansе), три пати во годината. Оваа програма, позната и како Диета со лимонада, е без јадење, и се состои само од три вида течности – лимонада со каенска пиперка и јаворов сируп, солена вода и лаксатив чај.

„Најмногу сум издржала 18 дена“, изјавила таа тогаш. „Одлично е само да го прочистите телото одвреме навреме“.

Исто така, Кембел и вежба, но тоа почнала да го практикува од пред неколку години.

„Вежбам во теретана од пред две години“, рече таа во емисијата Лорејн. „Ми се допаѓа. Не вежбам премногу на справи. Сакам кружен тренинг. А тоа не е исто. Сакам да вежбам различни вежби и имам одличен тренер по име Џо, со кого уживам да работам. Исто вежбам и во лондонската вежбална БиЕксАр, и сите оние кои се околу Џо и работат со мене додека патувам по светот. Така одржувам континуитет. Тоа е исто добро и за мозокот“.

Британката е и вегетаријанка, и за Харперс базар, во 2014. година изјави дека „се прочистува со природни сокови два до три пати во неделата“.

Фото: Фејсбук