Направете „фиџет спинер“ колачиња (ВИДЕО)

Направете ги овие „Фиџет спинер“ колачи, завртете ги и изедете го својот стрес

0
66

Состојки:

2 ½ чаши брашно

¾ чаша шеќер

¼ лажичка сол за јадење

1 чаша несолен путер, на собна температура

2 лажички екстракт од ванила

2 лажици крем сирење, на собна температура

Глазура во било која боја за декорација

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C.
  2. Во поголем сад ставете брашно, шеќер, сол и измешајте со дрвена лажица додека смесата не стане компактна.
  3. Додадете го омекнатиот путер и продолжете да мешате барем уште една минута. Додадете ги ванилата и крем сирењето и мешајте уште пола минута.
  4. Преместете го тестото на маса и месете го со рака додека не стане компактна топка. Завиткајте ја во пластична фолија и ставете го во фрижидер на 30 минути.
  5. Расукајте го тестото на пола центиметар дебелина и погледнете го видеото за натамошни инструкции до саканата форма.
  6. Откако ќе ги формирате печете ги околу 15 минути и оставете ги да се оладат. Потоа декорирајте ги со глазура следејќи ја постапката во видеото.

Fidget Spinner Cookies

Feeling stressed? Make these fidget spinner cookies so you can spin AND eat the stress away 😉!FULL RECIPE: http://bzfd.it/2s4juqZ

Posted by Tasty on вторник, 13 јуни 2017

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

5 × one =