Направете ја вкусната витаминска бомба на рускиот кардиохирург Амосов

Рускиот академик и кардиохирург Николај Амосов кој живееше 89 години е познат и по неговата витаминско-минерална бомба, мешавина која тој им ја препорачувал на постоперативните пациенти за брзо опоравување

0
2525

Витаминско-минералната бомба на руско-украинскиот академик Николај Амосов е вистински магацин на витамини и микроелементи кој тој им го препорачувал на постоперативните пациенти за брзо опоравување на организмот.

Се разбира, исклучително е корисна и за здравите луѓе.

Пастата го надокнадува дефицитот на витамини, посебно во зимскиот период, кога е и сезона на грип и настинки. Оваа смеса е исто така добра и за јакнење на кардиоваскуларниот систем и за јакнење на имунитетот.

Состојки:

По 200 грама суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед и еден лимон со кора.

Приготвување: 

Сите состојки исечкајте ги ситно, смелете ги во машина за месо или во блендер. Додадете мед, измешајте и ставете ги во тегла. Чувајте ја смесата во фрижидер.
Земајте по една супена лажица, два пати дневно. Наутро на празен стомак, и навечер пред спиење, со шолја топла вода или млеко.

Може да ја консумираат и деца (не помали од 3-4 години) – по една кафена лажичка, на ист начин.

Совет:

Повеќе од овошјата пред сушењето се третираат со одредени хемикалии поради долготрајност па затоа задолжително добро измијте ги такашто ќе ги ставите во сад со зовриена и изладена вода преку ноќ. Наутро, водата процедете ја а овошјето повторно измијте го под силен млаз вода и оставете го да се исуши.

loading...