Направете супер здраво песто – од коријандер

Ако сте љубител на песто веројатно досега сте го пробале во најразлични варијанти. Пробајте да го направите и во оваа варијанта. Одлично е и за детоксикација

0
172

Вообичаено, класичното песто се прави од босилек, пињоли, пармезан, лук и маслиново масло, но варијациите се безбројни, а одлично оди и во комбинација со голем број јадења како тестенини, њоки, пици, салати,…

Иако денеска повеќето од нас го прават во блендер, треба да се има на ум дека со ваква брза подготовка заради загревањето на металот може да дојде до оксидација на листовите на зачинските билки. Затоа, најдобро е да се приготвува рачно, со гмечење на листовите на босилек или коријандер и на овој начин најдобро ќе се извлечат здравите есенции.

Ако сакате да испробате уште некоја уште поздрава варијанта на овој зелен сос, на пример, без пекорино или пармезан кој обично се додаваат во купечкото песто, имаме одличен рецепт.

Ќе ви требаат само неколку моќни состојки – свеж коријандер, маслиново масло, лук, лимон, семки од тиква.

Освен во вкусот, ќе уживате и во бројните здравствени придобивки од ова вкусно песто.

Денеска коријандерот е неизбежна состојка во кујната на сите оние кои редовно спроведуваат детоксикација на организмот.

Познато е дека овој зачин извонредно го чисти црниот дроб од токсини и тешки метали, како олово и алуминиум, а благодарение на изобилството од железо, одличен избор е и за оние кои страдаат од анемија.

Богат е и со антиоксиданси, како што е кверцетинот, кој помага во борбата протв алергиите.

Останатите здравствени придобивки од коријандерот се:

Го поттикнува варењето и ги смирува желудочните тегоби

Природен лек е за анемија

Го јакне системот за имунитет

Помага кај артритис и реума

Го штити здравјето на кожата

Има силни антибактериски и протигабични својства

Ги ублажува анксиозноста и немирот

Помага кај менструлани грчеви

Лекува уринарни инфекции

Го чува здравјето на црниот дроб

Ја поттикнува работата на ендокриниот систем

Помага против конјуктивит

Спречува макуларна дегенерација

Дали е ова доволно за да направите песто од коријандер?

Наместо пињоли, употребете семки од тиква кои содржат здрави масти, магнезиум, манган и цинк и помагаат за зачувување на здравјето на простата кај мажите, а го спречуваат и паѓањето на косата.

Песто од коријандер

Состојки:

1 китка свеж коријандер

Неколку чешниња лук (колку чешниња ќе ставите, е ваш избор)

1 или повеќе лажици сок од лимон

1/3 шолјичка семки од тиква

¼ шолјичка маслиново масло

Приготвување:

Отстранете го тврдиот дел од стебленцето на коријандерот, а листовите исечкајте ги. Ставете ги во сад за гмечење (ако имате од оние садови со толчник, ако не употребете блендер) и со кружни движења на толчникот, гмечете. Додадете ги чешнињата лук и згмечете ги и нив, а потоа додадете го сокот од лимон и гмечете уште малку. На крајот додадете ги семките па толчете додека не добиете погруба смеса. Помешајте го и маслиновото масло и уште малку истолчете.

Доколку сакате, можете семките од тиква претходно малку да ги пропржите во тавче, а можете да додадете и ореви и прстофат морска сол и црн пипер.

Ставете го пестото во стаклена тегличка и прелијте го со маслиново масло за да го спречите контактот со вздух и за да ја задржите свежината. Цврсто затворете ја тегличката и чувајте го во фрижидер.

Фото: Pixabey