Необична пица од модри домати

Овие пици се совршени за оние на кои безглутенската исхрана им е секојдневје затоа што не се прават од класично тесто, туку со модри патлиџани. Можете да ги замените и со тиквички, иако, патлиџаните се многу повкусна варијанта.

0
181

Состојки:

2 модри патлиџани

Сос од домати

200 г тврд кашкавал по избор

100 г шери домати

Свеж босилек

Маслиново масло

Со, црн пипер

Приготвување:

  1. Измијте ги доматите и исечете ги на тркалца со дебелина од 1 цм. Наредете ги на тепсија обложена со хартија за печење, прелијте ги со малку масло и зачинете ги по вкус.
  2. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа извадете ја тепсијата и премачкајте ги модрите патлиџани со сос од домати и на секое трјкалце ставете по еден лист кашкавал и шери домати исечени на половинки.
  3. Вратете ја тепсијата во рерна додека кашкавалот не се стопи, а потоа ставете и малку свеж босилек и послужете.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here