Nicecream: Здрав, домашен, вегански сладолед

Четири вкусови на сладолед, пет состојки? Можно е! Ананас, јагода, боровница и чоколадо и она што оди во секој од нив – банана!

0
263

Овој сладолед е веќе познат помеѓу веганите како nicecream и се прави исклучиво од овошје. Нема шеќер, нема млеко, нема јајца, ниту шлаг. Кога ќе го пробате еднаш, ќе заборавите на секој друг сладолед, а децата ќе го обожаваат. Плус тоа, можете да им го давате без грижа на совест!

Состојки:

4 замрзнати банани

100 г замрзнати боровници

100 г замрзнат и исчистен ананас

100 г замрзнати јагоди

1 лажица какао

Приготвување:

Овошјето можете да го замрзнете преку ноќ, но важно е да знаете дека бананата треба да ја излупите пред да ја замрзнете.

Откако ќе го замрзнете овошјето, сте завршиле пола работа. Банана оди во секој од сладоледите затоа што служи како кремава основа, а и како природен засладувач.

Во сад за мешање ставете една замрзната банана и додадете ги боровинките. Имешајте и истото направете го со сите други посебно: Банана плус овошје. Чоколадниот сладоле ќе го направите такашто во бананата ќе додадете 1 лажица какао. Сладоледите можете да ги чувате во пластичен сад како и секој друг сладолед или во мали калапи за сладолед на стапче. Ако ви се допадне, следниот пат направете сладолед со два килограми банани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here