Нудлси од модри патлиџани

Лесно, вкусно, ефтино...тоа се трите волшебни зборови кои ќе ве натераат да влезете во кујна и да го направите токму овој рецепт...

0
144

Вакви нудлси можете да направите и од некој друг зеленчук, ама сега им е време на модрите патлиџани. Не ви треба некоја посебна алатка, туку само добар, остар нож.

Состојки:

2 модри домати

Една рака шери домати (ако немате, може и со обични, но тогаш ви се доволни 2)

1 рака маслинки

Свежа мајчина душица

Свеж босилек

Сол, црн пипер

Маслиново масло

Приготвување:

  1. Измијте ги убаво доматите и исечете ги на тенки долги стапчиња како шпагети.
  2. Ставете 5 лажици маслиново масло во тава и додадете ги исечканите модри патлиџани, свежите зачини и сол и црн пипер. Пропржете ги 3-4 минути.
  3. Исечете ги маслинките и шери доматите на половина и ставете ги на една минута со 1 лажица маслиново масло во тава да се пропржат, а потоа додадете ги кај модрите домати, измешајте сѐ убаво и сервирајте во чинија. Прелијте со уште малку маслиново масло и украсете со ливчиња босилек.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

8 − 3 =