Од денеска во Европа почнува еднонеделен Plastic Attack

Десетина француски здруженија ги повикуваат граѓаните на Европа, во периодот од 24.мај до 1.јуни да тргнат заедно во борба против прекумерното производство и користење на пластика и тоа преку организирана акција на бојкот на одредени производи и производители, акции на чистење, како и учество на протести. Придружете се!

0
67

Првиот ‘Plastic Attack’ се одржа минатата година во британскиот синџир Tesco, кога граѓаните организирано ја оставаа сета непотребна пластична амбалажа пред излезот на продавниците. Потоа акцијата добила глобален карактер и истовремено се одржувала во педесетина земји во светот, од Франција и Холандија, преку САД и Канада до Перу и Јужна Кореја.

За жал, загадувањето со пластика е еден од горливите глобални проблеми. Затоа оваа година десетина француски здруженија ги повикуваат граѓаните на борба против пластиката во периодот од 24 мај до 1 јуни, а акциите освен во Франција во исто време ќе се одржуваат и во Белгија, Швајцарија и Мароко.

Од 1950.година до денеска, произведени се 8,3 милијарди тони пластика, а таа количина е еднаква на тежината на дури 822.000 Ајфелови кули или на 80 милиони китови, наведува Le Monde. Исто така, податоците покажуваат дека се рециклирани само 9 отсто од досега произведената пластика, а 12 отсто се запалени, додека 79 отсто пластичен отпад завршиле на отпад или во природата. За жал, морињата и океаните како и растителниот и животинскиот свет ги трпат најголемите последици заради нашето неодговорно, прекумерно користење на пластика за еднократна употреба.

Здруженијата ги повикуваат граѓаните во периодот од 24.мај до 1.јуни да тргнат заедно во борба против прекумерното производство и користење на пластика и тоа преку организирана акција на бојкот на одредени производи и производители, акции на чистење, како и учество на протести.

Воедно, се повикуваат компаниите како Нестле, Унилевер, Проктер & Гембл, Кока-Кола и Пепси Кола да престанат да произведуваат пластика за еднократна употреба, а од законодавците се бара да донесат закони кои го забрануваат таквото производство.

Сите активности се наведени на страницата Boycott Citoyen, а граѓаните можат да ја одберат својата мисија и да го пријават своето учество за да мижат да се придружат на еден од однапред дефинираните тимови. Граѓаните можат да станат активисти и да учествуваат во Plastic Attack акциите со задача за подигање на свеста на купувачите за штетноста на пластиката, запознавање со целите на акцијата и помош при одложувањето на пластичната амбалажа. Ќе бидат организирани и акции за чистење, а преку страницата сите кои сакаат да учествуваат ќе бидат упатени на учествување во најблиската еколошка акција.

Во план е организација на мирни протести пред фабриките за производство на пластични шишиња, помагање во собирањето потписи и организација на петиции. На крајот од Plastic Attack неделата ќе се организраат акции на предавање на собраниот отпад пред седиштата на градските и општинските управи со цел да се натераат на поделотворно решавање на проблемите со управување со пластичен отпад.

Во соработка со организацијата Zero Waste Франција граѓаните ќе се обучуваат како да ги запознаат трговците во близина на нивното место на живеење со концептот на нула отпад и да ги убедат да го прифатат во своето работење.

Фото: Pixabey