Од ова овошје ќе спиете како бебе

Еден тајвански универзитет спровел истражување со дваесетина лица кои се жалеле на проблеми со спиење. Еден месец пред спиење консумирале киви и навистина почувствувале разлика.

0
201

Кивито е супер овошје кое не го јадеме доволно често. Освен што истражувањата покажуваат дека го зајакнува системот за имунитет и е значаен за функционирањето на системот за дишење, изгледа дека е и добра природна таблета за спиење.

Еден тајвански универзитет спровел истражување со дваесетина лица кои се жалеле на проблеми со спиење. Еден месец пред спиење консумирале киви и навистина почувствувале разлика.

Времето потребно за да заспијат било покусо за 35 проценти, спиеле поцврсто, а некои и подолго. Јасно е дека една студија не е доволна за да се утврди начинот на кој овошјето може да влијае на спиењето, но вреди да се проба. Кивито е достапно, богато со антиоксиданси и со витамин Ц и има многу малку калории па не е на одмет да се испроба овој здрав метод за подобар сон.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here