Осум неочекувани употреби на искористените кесички од чај

Освен што е извонреден напиток и во зима и во лето, кесичките од искористениот чај можете да ги употребите и потоа, откако веќе ќе ги искористите за да се напиете чај. Можете да ги употребите и во домаќинството и во третманите за убавина

0
607

Позната е улогата на искористените вреќички чај за отстранување на подочниците, а во домаќинството можете да ги користите и на следните начини:

Заштита на садовите од р’ѓа

Танините, антиоксидансите на чајот кои се најприсутни во црниот чај, се извонредни во борбата против р’ѓосувањето на садовите. Едноставно, после миење премачкајте ги садовите со искористена кесичка од чај.

Отстранување на непријатни мириси

Искористените кесички чај ставете ги во непокриен сад и оставете го во фрижидерот за да се отстранат непријатните мириси.

Отстранување на нечистотиите и маснотиите од садовите

Ставете две-три кесички чај во топла вода и со натопете ги садовите. Помагаат во отстранувањето на тврдокорните маснотии.

Смирување на иритираната кожа

Искористените кесички чај се одличен начин природно да се справите со иритациите на кожата поради каснувања на инсекти или изгореници од сонце.

Отстранување на мирисите од кожата

По приготвувањето на лук, кромид, риба или друга храна која не мириса толку пријатно, искористете ги старите кесички чај да ги исчистите своите раце од овие непријатни миризби.

Маринада

Комбинацијата од слаб чај добиен од искористена кесичка чај со вода или со вино се употребува за маринада за пилешко или црвено месо.

Зачин за житарки

Житарките кои речиси секога ги приготвуваме со варење во вода можеме да ги зачиниме такашто во водата ќе ставиме и искористена кесичка од чај, најдобро од оние кои се со арома на вообичаените зачини во кулинарството.

Смути

Искористените кесички чај, особено од зелен чај можат да се користат во приготвување на смути. Напитокот добиен од чај од искористена кесичка се користи во приготвувањето на смути, наместо млеко, јогурт и вода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here