Освежителна салата со лубеница и фета сирење

Летно освежување и одличен оброк за деновите кога ќе биде толку жешко што нема да можете ниту да јадете

0
119

На пазарот веќе почнаа да се појавуваат лубениците и дињите па време е да почнеме малку по малку да ги вклучуваме во менито. За почеток, бидејќи се се уште скапи, купете си лубеница на парче (впрочем како што обично се купува ширум светот) и подгответе ја на еден поинтересен начин.

Состојки:

Парче лубеница

Свежо нане

Сок од лимон

250 г фета сирење

Приготвување:

Изладената лубеница исечете ја по желба или пак издлабете ја со лажица за сладолед. Топчињата од лубеница наредете ги на линија и накапете ги со сок од лимон.

Поросете ги со фета сирење и ливчиња од свежо нане и послужете.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here