Оценете колку сте гладни

За да избегнете пресилна глад, не дозволувајте преголемо растојание помеѓу оброците , не поголемо од 4 часа

0
193

Чувството за глад е инстиктивно, а многумина тргнуваат во потрага по храна при првиот знак на чувство на глад иако за тоа се уште нема вистинска потреба. Нормално е да чувствувате глад во почетокот на оброкот, но јадењето секогаш кога ќе се појави и најмал глад резултира со прејадување. Еве што нудат научниците како начин за контрола на гладот: оценете ја желбата за храна на скалата од 0 до 4.

0 = не сум гладен

1 = лесна глад

2 или 3= умерена глад

4 = многу сте гладни

Би требало да јадете кога оценката е 2 или 3. Ако јадете кај 0 или 1, причината е веројатно лошо расположение или грицкате нешто покрај ТВ. Исто така, кога нивото на глад е 4, веројатно е можно да изедете премногу. Затоа јадете полека. За да избегнете пресилна глад, не дозволувајте преголемо растојание помеѓу оброците (не повеќе од 4 часа).

 

loading...