Овие 5 производи не треба да се чуваат во фрижидер

Но, овие четири ќе се расипат ако не ги ставите. И замислете, путерот не е меѓу нив. Напротив, можете слободно да го чувате во кутија за путер на собна температура

0
1517

За некои производи нема дилеми околу тоа дали треба да се чуваат во фрижидер или на собна температура, но за некои сѐ уште се изненадуваме.

Еве кои пет производи не мора да ги чувате во фрижидерот. Првиот веројатно ќе ве изненади.

 

Путер: Иако путерот е технички млечен производ и сите се согласуваме дека млечните производи дефинитивно треба да се чуваат на студено, ФДА прави исклучок за путерот. Зошто?

Составот на путерот се главно масти, а тоа значи дека е поотпорен на бактерии. Солениот путер е уште помалку склон кон бактерии од несолениот благодарение на натриумот, па и рокот на траење зависи од видот на путерот што го купувате.

Според тврдењето на Џон Брун, стручњак за млечни производи од Универзитетот во Калифорнија, додатокот на сол што го содржи солениот путер го спречува растот на бактериите кои предизвикуваат расипување.

Процесот на расипување на путерот кој обично се произведува од пастеризирано млеко (што дополнително го продолжува рокот на траење) затоа се случува многу побавно отколку кај неферментираните млечни прозводи како што е млекото. Купечкиот солен путер ретко ќе се расипе дури и ако го оставите да стои надвор од фрижидерот па затоа ако сакате да го чувате на собна температура за полесно да го мачкате, чувајте го во специјален сад за путер кој ќе го спречи неговиот допир со воздухот кој го забрзува расипувањето на храната.

На овој начин, на собна температура, тој може да трае отприлика две недели. Сепак, ако температурата во кујната е над 20°C, односно, во лето. Најдобро би било да го преместите во фрижидерот.

Маслиново масло: Ова масло трае исто време откако ќе се отвори без оглед дали го чувате во вашиот шкаф или во вашиот фрижидер. (Околу 12 месеца) Значи, треба да го чуваме на ладно и темно место, но не во фрижидер, бидејќи има подобар вкус на собна температура.

Лут сос: Можете да го чувате надвор од фрижидерот дури и ако е отворен, благодарение на две клучни состојки, оцет и сол, кои дејствуваат како конзерванси до осум недели по отворањето. Но, ако сакате да го продолжите рокот на траење, можете да го чувате во фрижидер до шест месеци.

Мед: Не само што овој сладок сируп е сосема безбеден за јадење директно од оставата, туку може да ви биде тешко да го користите ако го ставите во фрижидерот. Како што се лади, медот се згуснува и брзо станува невозможно да се користи се додека не се врати на собна температура. Затоа, никако не го ставајте во фрижидерот.

Путер од кикирики: Со исклучок на природниот путер од кикирики, може да се чува безбедно во вашиот шкаф до три месеци по отворањето. Но, внимавајте: бидејќи путерот од кикирики има малку конзерванси, лесно може да се разгради. За да го зачувате кога го користите секогаш земајте со чиста лажица.

 

Во фрижидер мора да се чуваат:

Мајонез: Може да го купите мајонезот од полица, надвор од фрижидер, но кога ќе го отврите мора да го ставите во фрижидер.

Соја сос: Ако ги читате упатствата на шишето, најдобро е да го преместите овој солен производ во вашиот фрижидер откако ќе се отвори. Таму може да остане во добра состојба дури и во рок од 2 години иако сме сигурни дека ќе го искористите побрзо од тоа.

Прелив за салата: Очигледно е дека и кремавите преливи, но и оние како италијанскиот или винегрет преливот, треба да останат ладни по отворањето.

Dijon Mustard: Ако не го ставите во фрижидер можеби нема да се расипе ама ќе му се смени вкусот. Затоа, откако ќе го отворите, чувајте го во фрижидерот.

Фото: Pixabey