Овие намирници ќе ви го зголемат помнењето до 80 проценти

Стручњаците откриле 14 природни состојки кои освен што ќе ви го подобрат помнењето, ќе ви го подобрат и здравјето на коските.

0
537

Стручњаците откриле 14 природни состојки кои го поттикнуваат помнењето и функцијата на мозокот, ги регенерираат коските, а можат да го подобрат и видот и да ја поттикнат циркулацијата.

Станува збор за природни состојки кои се лесно достапни и единствено што треба е да бидете доследни во нивната консумација.

Еве кои се тие 14 намирници:

Рузмарин

Оваа билка ќе ви помогне да се сконцентрирате и ќе ви го поттикне помнењето. Хемискиот состав на рузмаринот ја подобрува делотворноста на мозокот и има пријатен мирис. Ставете ја во својот дом или повремено мирисајте масло од рузмарин.

Цвекло

Ја поттикнува циркулацијата низ целото тело и мозок.

Јајца

Јајцата можат да го изострат помнењето и да му понудат бројни предности на мозокот.

Риба

Содржи омега 3 масни киселини кои се клучни за правилна функција на мозокот.

Авокадо

Може да го поттикне протокот на крв во мозокот и да ја подобри неговата функција.

Боровинки

Богати се со антиоксиданси кои го штитат мозокот од оштетувања и го одложуваат процесот на стареење.

Кромид

Сировиот кромид го поттикнува помнењето и ја подобрува функцијата на мозокот.

Целовити житарки

Содржат многу омега 3 масни киселини, влакна и сложени јагленохидрати кои се извонредни за мозокот.

Домати

Богати се со ликопен, кој ги штити кллетките на мозокот од оштетувањата што ги предизвикуваат сободните радикали.

Зелен чај

Секојдневната консумација на зелен чај може да го подобри помнењето и перформансите на мозокот. Ја подобрува концентрацијата, когнитивните функции и поврзаноста на мозокот.

Црно чоколадо

Содржи кофеин и антиоксиданси кои можат да ја поттикнат фунцијата на мозокот.

Јаткасти плодови

Можат да ја поттикнат циркулацијата и протокот на кислород нив телото. Исто така содржат омега 3 масни киселини кои ги јакнат крвните жили на мозокот.

Куркума

Содржи куркумин кој го спречува воспалението на мозокот и го подобрува помнењето.

Јаболки

Тие се добри за здравјето на мозокот и го ублажуваат процесот на неговото стареење.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here