Овошен колач без брашно

Можеби изгледа како оној стар добар класичен колач со овошје, но верувајте, овој е нешто сосема друго, и по вкус и по состав

0
110

Во овој колач нема брашно, туку урда, јајца и путер, па е лесен како облак, а благодарение на овошјето има и свеж и киселкаст вкус, идеален за лето.

Состојки:

5 јајца

150 г шеќер

450 г урда

200 г путер

1 лажичка прашок за пециво

1 ванилин шеќер

Шеќер во прав за поросување

Овошје по желба (ние ставивме 5 праски)

Приготвување:

  1. Се матат белките и ванилиниот шеќер во пена.
  2. Жолчките, путерот омекнат на собна температура и шеќерот се матат одделно од белките, им се додава урдата и прашокот за пециво и на крајот, полека, со рачна маталка помешајте го внатре и снегот од белки.
  3. Пола од смесата истурете во подмачкан и набрашнет калап за колач, одозгора наредете ги праските исечени на кришки и прекријте ги со остатокот од смесата. (Ние употребивме поголем калап, па немаше доволно смеса за да се прекријат праските, но сеедно беше многу вкусен)
  4. Печете го околу 45-50 минути на 160-170 степени, во зависност од рерната.
  5. На крајот, оставете го да се лади во изгасната рерна, одвојте го од рабовите и поросете со шеќер во прав.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

one × 1 =