Овошен колач со урда и со гриз

Од сега па натаму ова ќе биде нашиот нов омилен десерт. Нормално, затоа што лесно се прави, а толку е освежителен и лесен што нема шанси да останете на едно парче. А нема шанси ниту да ви биде лошо затоа што сте се прејале.

0
168

Состојки:

300-350 г несолена урда
3 јајца
100 г кафеав шеќер + 1 лажица за вишните
250 г овошје по избор (ние ставивме замрзнати вишни)
4 лажици гриз

Кора и сок од 1 лимон

100 г пченкарно брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100 г путер

Приготвување:

1. Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете го растопениот и оладен путер и останатите состојки.
2. Премачкајте го калапот за печење со путер и ставете ја смесата. Печете 10 минути во загреана рерна на 170 степени.
3. Извадете ја па ставете ги вишните и печете упште 30-40 минути, во зависност од рерната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

2 + five =