Овошен колач со урда

Иако изгледа како сите други едноставни овошни колачи, заедничко со нив му е само што е исто толку едноставен како и тие...се друго е навистина посебно – највкусниот колач во последно време

0
110

Колачот со различни видови сезонско или смрзнато овошје им се познати на сите, но овој е навистина посебен, поинаков, повкусен, … Несолената урда и јогуртот му даваат свежина, а кајсиите киселост, па е супер избор за сите кои и покрај жештините, не се откажуваат од десертот. Добро е што нема многу брмчење со миксерот со оглед на тоа што е направен во 2 после полноќ. А што да се прави друго кога баш не можете да заспиете!

Состојки:

4 јајца
200 г брашно
300 г несолена урда
150 мл јогурт
1 прашок за пециво
2 кесички ванилин шеќер
Кора од 1 лимон (се разбира, претходно треба да го ставите да отстои во вода со сода бикарбона)
100 г кафеав шеќер
100 г путер
Кајсии (или друго овошје по желба)

Приготвување:

1. Изматете ги јајцата, шеќерот и 1 ванилин шеќер (другиот ставете го во овошјето доколку е премногу кисело)
2. Додадете ги растопениот путер, урдата и јогуртот, и постепено додавајте го брашното во кое претходно ќе го ставите прашокот за пециво. На крајот додадете ја и изренданата кора од лимон.
3. Истурете ја смесата во калап подмачкан со путер, порамнете и додадете го исчистеното овошје. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here