Овошна, посна, без печење

Добра страна: освежителна е, лесна и посна. Лоша страна: едно парче не те заситува, напротив, те тера на уште едно

0
150

Состојки:

1 пакување посни бисквити

2 кесички пудинг од ванила

млеко од ориз или некое друго растително млеко

киви и банани (отприлика, една кутија пакувани свежи киви и 2 банани)

кокосово масло или маргарин (или комбинација од двете)

100 г кокос

Приготвување:

Сварете го пудингот според упатството на кесичката со тоа што ќе употребите растително млеко.

Во пудингот размешајте пола маргарин или неколку лажици кокосово масло и додадете го кокосот.

Потоа редете ги бисквитите па одозгора размачкајте од филот и наредете тркалца од киви и банани или некое друго овошје по ваш вкус.

Редете додека имате материјал со тоа што треба да завршите со филот и со ред од овошје. Ако се кивите премногу зелени и кисели можете да породите малку шеќер во прав.

Но… тортата не се јаде веднаш. Направете ја од вечер за следниот ден да биде таква како што треба – мека и сочна.