Палента со печени домати и босилек

Ова традиционално јадење врз база на пченка е составен дел од старите медитерански менија, а свое место денеска наоѓа и како додаток на рибјите и месните специјалитети.

0
175

Состојки:

5 дл млеко

½ чешне лук

1 лажица рендан пармезан

Мускатно оревче

200 г пченкарно брашно

500 г мини домати

2 лажици зачински билки (босилек, оригано, рузмарин, магдонос, мајчина душица, ловоров лист)

Чешне лук

3 лажици маслиново масло

Сол, црн пипер.

Приготвување:

Помешајте во едно тенџере млеко, сол, црн пипер, мускатно оревче, пармезан и исечкан лук. Кога ќе зоврие, додадете пченкарно брашно и постојано мешајте. Кога смесата ќе почне да се згуснува, тргнете ја од ринглата, истурете ја смесата во тепсија и почекајте да се оллади и да се стврдне.

За тоа време ставете ги доматите во маринада од зачински билки, лук и маслиново масло и зачинете со сол и со црн пипер. Ставете во тепсија хартија за печење и наредете ги така подготвените домати. Печете ги во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 10 минути. Исечете ја палентата на квадрати и на секој ставете по од печените домати.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

eleven + 11 =