Печени смокви со пршут, овчи кашкавал и ливчиња мента

Најдобро е тоа што за ова предјадење нема рецепт туку се се додава онака, од око и според вкус, а нема ни многу работа. Токму како што и треба да биде во лето.

0
245

Сите љубители на слатко-солени комбинации знаат колку добро оди пршутот со овошните ноти на дињата и грозјето, но ако не сте пробале досега, пробајте, и ќе видите дека ниту смоквата не е исклучок.

Состојки:

8 – 10 смокви

Неколку капки оцет балсамико

Неколку капки маслиново масло

Крупна морска сол

Свежо мелен црн пипер

4-5 тенки листови пршут

Овчи кашкавал

Мента

Приготвување:

  1. Исечете ги смоквите на пола и кратко потпечете ги во грил тава без додавање на маснотии, свртени со исечената страна надолу.

Печете ги 1 – 2 минути и веднаш тргнете ги од тавата. Накапете ги со малку оцет и маслиново масло и поросете со сол и црн пипер.

  1. Пршутот исечете го на тенки ленти и секоја смоква обвиткајте ја со една лента.

Наредете ги вака завитканите смокви на чинија

  1. Ставете одозгора тенко исечени парчиња овчи кашкавал и ливчиња мента. Послужете ги додека се се уште топли.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here