Пет најголеми грешки со фрижидерот

Задолжително раздвојте ги овошјето и зеленчукот затоа што овошните плодови го забрзуваат скапувањето на останатата храна.

0
940

Кога ја ставаме храната во фрижидер обично не размислуваме како тоа што го ставаме внатре може да влијае на другите намирници.

Стручњак од компанијата Мицубиши електрик Џин Марк Адел наведува пет грешки кои ги правиме и пет правила за организација кои би требало да ги почитуваме при ставањето на намирниците во фрижидер.

1. Овошјето и зеленчукот ги ставаме заедно

Задолжително раздвојте ги овошјето и зеленчукот затоа што овошните плодови го забрзуваат скапувањето на останатата храна.
„Зрелото овошје произведува етилен, кој може да го забрза расипувањето на другата храна. Користете ги одделите за замрзнување, фиоките за сирења точно за тоа за што се наменети за да бидете сигурни дека вашите намирници ќе останат свежи“, објаснува Адел.

2. Месото и морските плодови стојат на горната полица

Оваа пракса може да има многу лоши последици врз другите намирници во фрижидерот.
„Шунка, колбаси, свежи месо и морските плодови треба да се стават на долните полици во фрижидерот. Ако не го направите тоа, крвта од месото може да капе на другата храна и така да ја зарази со салмонела или со други бактерии, да ги расипе и на крајот да ве зарази“, објаснил Адел.
Лесно расипливите намирници, односно оние со краток рок на траење, би било најдобро да се чуваат на -3 степени за да се одржат подолго и лесно да се одмрзнат.

3. Се е непрегледно

Голем проблем при складирањето на намирниците е и начинот на кој ги сортираме.Често без размислување ги ставаме купените намирници во преден ред не гедаји што има позади, па затоа и често купуваме намирници кои веќе ги имаме дома, но не сме ги виделе во фрижидерот.
„Намирниците кои се турнати во задниот ред тешко се гледаат и затоа има најголема шанса да се расипат и да предизвикаат расипување и на другата храна“, додава Џин Марк.

4. Не размислуваме за остатоците од храната

После оброците сигурно ви останува по нешто од главното јадење, од салатата или од прилогот.
„Премногу пати остатоците што ви остануваат само се ставаат во фрижидер и се заборава на нив. На тој начин фрламе многу храна која можела да се изеде следниот ден“.
Напоменува дека е најдобро остатоците да се стават во одделни садови и цврсто да се затворат за да останат подолго свежи“.

5. Замрзнувачот е пренатрупан

Една од главните причини за расипување на храната е покачената температура која настанува заради претрпаноста со намирници заради што истите не можат ниту правилно да се оладат.
„Никогаш не ставајте премногу намирници во замрзнувачот, туку при купувањето размисувајте за тоа каде ќе ги сместите. Ладниот воздух треба да циркулира низ него, а ако имате многу стаклени шишиња и тегли, тоа ќе биде исклучително тешко“, напоменува Адел.

loading...