Пет совети за најдобар киш

Сите го сакаме, но не секогаш излегува онака како што сакаме – со совршено кремав фил и совршено крцкаво тесто.

0
335

Доколку мислевте дека нема некоја тајна која уште не ја знаевте за тоа како да направите добар киш, еве неколку за кои мислиме дека ќе ви помогнат да направите секогаш совршен киш!

Печете го бавно и на ниска температура

Ако е рерната на висока температура постои опасност јајцата во филот да ви се претворат во кајгана. Откако сте го испекле тестото за киш „на слепо“, и ќе го ставите филот, намалете ја температурата на рерната на 150 степени и печете го околу 1 час.

Додадете малку брашно во филот

Брашното во јајцата помага да се апсорбира влагата и да се стабилизира целиот фил, а истовремено придонесува да биде уште покремав.

Не штедете на сирење, односно, на кашкавал

Ако сакате многу кремав киш, совршено ќе ви послужи Бри, а ако сакате да сте малку посмели, користете сино сирење.

Користете подобро брашно за тестото

Додатокот на ржано брашно или на брашно од цели житарки на вашето тесто за киш ќе му даде посебна крцкавост, вкус и песоклива структура.

Парчињата путер во тестото нека бидат што поголеми

Парчињата путер во тестото нека бидат со големина на грашок, или уште подобро, и поголеми затоа што во тој случај вашето тетсо за киш ќе остане воздушесто и ќе се топи во уста.

loading...