Пет совети за најдобар киш

Филот совршено сочен, а тестото совршено крцкаво...

0
257

Сите го сакаме, но не секогаш ни излегува баш така како што треба – со сочен и кремав фил и крцкаво тесто. Еве пет совети за совршен киш:

Печете го бавно, на ниска температура
Ако е температурата висока, постои опасност јајцата во филот да се претворат во кајгана. Откако ќе го испечете тестото за киш и ќе го ставите филот, намалете ја температурата на 15 степени и печете го 1 час.

Додадете малку брашно во филот
Брашното во јајцата помага да се апсорбира влагата и да се стабилизира целиот фил, а истовремено придонесува за уште поголема кремавост.

Не штедете на сирење

Ако сакате многу кремав киш, совршен избор ќе биде Бри, мрсно кравјо сирење, а ако сакате да експериментирате со вкусови, можете да ставите сино сирење.

Користете подобро брашно за тестото

Додатокот на ржано брашно на вашиот киш ќе му даде посебна крцкавост, јаткаст вкус и „песковита„ структура.

Парчињата путер во тетото нека бидат што поголеми

Парчињата путер во тестото нека останат со големина на грашок или уште подобро и поголеми од тоа, затоа шшто на тој начин вашето тесто за киш ќе се топи во устата.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here