Пита со праз, печурки и паричка

Ако досега не сте правеле лиснато тесто бидејќи ви изгледало комплицирано виткањето, премесувањето, мачкањето и слично, да знаете, има и поедноставен начин – вашиот. Можете да премачкувате, да преклопувате и да премесувате ккао што сакате. Можеби нема да се листа како што би требало, ама вкусот е одличен, а и не изгледа толку лошо, нели?

0
233

Состојки:

За тестото:

500 г брашно

250 г путер или маргарин

Вода по потреба

1 лажичка сол

За филот:

2 стапчиња праз

500 г шампињони

Зејтин

Со, бибер, оригано

Приготвување:

  1. Замесете го тестото и поделете го на две топчиња кои ќе ги премесувате и премачкувате со путер барем три пати, а во меѓувреме ќе ги оставате да одлежат во фрижидер.
  2. Во меѓувреме, пригответе го и филот такашто ќе ги исечкате празот и печурките и ќе ги пропржите во малку зејтин и ќе зачините.
  3. Тестото развлечете го на две кори. Едната ставете ја во тепсијата премачкана со зејтин, а одозгора ставете го филот (и се разбира, паричката завиткана во фолија), а врз филот ставете ја и втората кора.
  4. Избоцкајте ја питата со вилушка на повеќе места и ставете ја да се пече во загреана рерна на 170 степени околу половина час.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here