Подварок со суви сливи

Ако ви здосадија посните сарми и гравот на трпезата за Бадник, направете нешто малку поразлично: подварок со суви сливи!

0
501

Состојки:

2 главици црвен кромид

1 кг кисела зелка

2-3 листови ловор

200 грама суви сливи

50 г ориз

5 чешниња лук

масло

сол

црн пипер во зрно

Приготвување:

Исечканиот кромид динстајте го на малку масло. Додадете го исечканото лукче, ловорот и исечканата зелка и продолжете да динстате на тивок оган додека зелката омекне.

Потоа, додадете го оризот и шолја вода и варете додека оризот не ја упие водата. Додадете ги сувите сливи, сол и црн пипер. Измешајте добро се заедно и префрлете го подварокот во сад за печење. Додадете шолја вода и печете во рерна околу 45 минути на 200 степени.

Фотографијата е од ТУКА.