Погача со наут

Еве една „случајна“ погача со наут која настана наместо првичната идеја - за фалафел ќофтиња кои требаше да се пржат и да се пржат и да се пржат...

0
86

Токму затоа што е случаен, овој рецепт не е со прецизни мерки за состојките, туку се прави по чувство.

Во секој случај, ви треба сварен наут кој ќе го изблендирате, па ќе му додадете 1 јајце, малку црн и црвен пипер, сол, ситно сечкан кромид, презли и брашно…малку од едното, малку од другото, прашок за пециво и ќе замесите тесто кое треба да е по малку лепливо. Ќе го ставите во тепсија поросена со брашно и потоа одозгора ќе го притиснете со вилушка за да ги направите шарите. Ќе поросите шарена сол и ќе ставите да се пече околу 20-30 минути.

Поубаво е да се јаде додека е топло.