Погледнете како изгледа Велигденската трпеза на Викторија Лоба

Најубавата македонска пејачка со руско потекло за Велигден вапцува јајца, но на трпезата секогаш има и делче од руската традиција, колачот познат како „кулич“

0
1743

„Во Русија постои традиција пред Велигден на Велики Четврток да се пече „Кулич“.

Тоа е православен колач кој наликува на црква, се замесува тесто и по желба се додаваат суво грозје, брусница, желе бонбони, додека најгоре „кулич“ се покрива со шлаг од белка на јајце и се украсува исто така по желба.

Согласно со евангелиската легенда, воскреснатиот Христос од време на време ги посетувал своите верни ученици за време на јадење. Затоа апостолите не знаејќи дали Исус ќе дојде следниот пат, секогаш на средината на трпезата оставале за него леб. Потоа, со текот на времето леб за Исус почнаа да оставаат и во Божјите храмови, го осветуваа, го кршеа и потоа им го делеа на верниците. Бидејќи домот и семејството се една „мала црква“ за христијаните, со тек на времето почнавме да печеме леб налик на црква кој го означува Христовото Воскресение во секој дом. Ги поздравувам сите православни христијани, особено читателите на „Арт кујна“ за најсветлиот празник, Христовото Воскреснување!

А еве ги и моите јајца“, вели Викторија Лоба за „Арт кујна“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

one × one =