Појадок за мерак

Нутриционистите тврдат дека појадокот е најважен оброк во денот

0
508

Последниве години авокадото стана многу популарно во исхраната, па дури и овде, во нашиов дел од светот кадешто најмногу се јадеа јаболки и грозје и пиперки и домати.

Обично велиме дека е најдобро да се јадат локални и сезонски намирници, ама ете авокадото некако ни се вовлече во менито и го присвоивме како наше.

Авокадото е едно од нутритивно најбогатите тропски овошја, исклучително здрава намирница која ќе го збогати вашиот оброк со здрави маснотии.

И не е само тоа…со авокадото добивате и калиум и магнезиум, две хранливи материи кои помагаат да се намали крвниот притисок. Тостот со авокадо е еден од гурманските хитови па токму тоа ви го предлагаме како одличен енергетски богат појадок за почеток на уште еден напорен ден.

Тост со јајце и авокадо
Состојки:

2 јајца на око
2 парчиња препечен леб
1 лажичка сок од лимон
1 авокадо
Малку сол и црн пипер

Приготвување:

  1. Препечете ги парчињата леб на тостер и испржете јајца на око на малку путер или пак направете ги поширани.
  2. Излупете го авокадото, згмечете го и додадете му сок од лимон, сол и црн пипер. Намачкајте ја смесата врз препеченото лепче и одозгора ставете по едно поширано јајце, украсете со магдонос и ете ви појадок за мерак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here