Полнети печени слатки компири

Повторно слатки компири... Не ги лупете, наполнете ги, печете ги со лушпа и тоа директно на решетката и уживајте.

0
199

Состојки:

3 лажици маслиново масло, плус една за попрскување

сол и свежо мелен црн пипер

брокула

1 конзерва грав

неколку лути пиперчиња

сол

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Избоцкајте ги компирите со вилушка и попрскајте ги со маслиново масло. На решетката од рерната ставете фолија и наредете ги компирите. Нека се печат околу 30 минути.
  2. Во меѓувреме сварете ги кратко брокулите и попрскајте ги со преостанатата лажица маслиново масло, со сол и со бибер. Кога компирите ќе омекнат, отворете ги и полека со вилушка притиснете за да се направи место за полнење. Наполнете ги со исцедениот грав, раслоени цветчиња од брокула и ситно исечкани лути пиперчиња. Сервирајте ги попрскани со масло и сол.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here