Полнети тиквички со сос од кајсии и коријандер

Кога некој е креативен, тогаш од најобични сезонски намирници, ќе направи свечена трпеза. Еве токму вака, како нашиот редовен читател Александар

0
48

Состојки:

2 тиквички

2 јаца

урда

копар

маслиново масло

сол, црн пипер

Свежи ливчиња нане за декорација

За сосот:

10 – 15 кајсии

Зрна од коријандер

Приготвување:

Нормално, тиквичките се мијат и се сечат на неколку дебели тркалца, како на сликата. Се прави вдлабнатина.

Се мешаат урдата, јајцата и она што сте го издлабиле од тиквичките, се зачинува, се додава малку маслиново масло и се става од смесата во секоја тиквичка. Се печат во рерна.

За сосот, излупете ги кајсиите и ставете ги да се проварат на кратко. Додадете ги истолчените зрна коријандер и потоа измешајте ги со блендер.

Прелијте ги печените тиквички со сосот, украсете со свежи ливчиња нане од саксија и направете си како гарнир салата со печени пиперки и лукче.