Помогнете му на црниот дроб со здрава салата и сок

Преоптоварениот црн дроб е виновник за многу тешки болести и состојби. Помогнете му со помош на овие рецепти за сок и салата за здрав црн дроб

0
545

Кога станува збор за црниот дроб не се сведува сѐ само на хепатитис, цироза и рак. Многу од нас не знаат колку симптоми, здравствени проблеми и болести се последица од преоптоварувањето на овој важен чувар на нашето здравје.

Речиси секоја тегоба (од благи симптоми до тегоби со варењето, емоционални превирања, проблеми со телесната тежина, срцеви проблеми, ментална збунетост, кожни пореметувања и други хронични болести) е последица од преоптоварувањето на црниот дроб. Сите тие состојби може да ги исцелиме ако научиме да ја негуваме и почитуваме силата на овој таинствен орган.

Откријте ја тајната на здравиот дроб преку овие два рецепти кои може да ги најдете во прирачникот „Здрав црн дроб“ на Ентони Вилијам.

Сок за здрав црн дроб

Состојки:

2 јаболка

2 шолји крупно исечен ананас

1парче ѓумбир (2,5 цм)

1 китка целер

1 шолја свеж магдонос

Дополнителни состојки:

1 шолја никулци

4 мали ротквици

1 шолјичка листови од глуварче

Приготвување:

Во соковник направете сок од јаболки, ананас, ѓумбир, целер и магдонос. Консумирајте веднаш. По желба додадете било кој од дополнителните состојки. Исто така, сите состојки може да ги измешате и во блендер па да процедите преку газа.

Салата за здрав црн дроб

Состојки за 2 порции:

3 шолјички исечкани домати

1 шолјичка исечкана краставица

1 шолјичка исечен целер

1 шолјичка исечкани свежи листови од коријандер (по желба)

½ шолјичка исечкан млад кромид

8 шолјички мешавина од млади салати (млад спанаќ, рукола, путерка…)

Сок од 1 лимон

Прелив од портокал (по желба):

1 шолјичка сок од портокал

1 чешне лук

1 лажица мед

¼ шолјичка вода

1/8 лажичка сол (по желба)

1/8 лажичка лута пиперка (по желба)

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и зачинете ја салатата со преливот од портокал.

Фото: Pixabey