Портокалова леќа без капка масло

Ако постите, леќата е навистина одличен избор. Можеби не изгледа којзнае како, ама вкусот е навистина одличен, па затоа, не бегајте, барем пробајте

0
114

Состојки:

2 моркови

2 млади кромитчиња

1 шолја црвена леќа

1 конзерва пелати

магдонос

сол, црн пипер, вегета

Приготвување:

Исечканите кромитчиња и морковите ставете ги во тенџере и малку пропржете ги на суво, а потоа додадете ја леќата, зачинете, ставете малку вода и додадете ја содржината од конзервата.

Доволни се 20 минути и леќата е готова. Додадете го исечканиот магдонос и ручекот е готов.