Посен колач со урми, брусници, јаболко, морков…

Во колачов има многу работи кои се многу подобри од обичен шеќер, но ако сакате поблаго, додадете повеќе урми или пак мармалад

0
454

Состојки:

2 шолји брашно

1 шолја сок од свежо цеден портокал (заедно со пулпата)

1/2 шолја зејтин

1 големо јаболко

1 морков (или 2 помали)

7-8 сечкани свежи урми

суви брусници (по желба)

2 лажици мармалад (тука има мармалад од тиква, но може и било кој друг)

1 лажица мед (по потреба)

1 лажица рум

1 лажица какао или рогач

100 г сечкани ореви

1 прашок за пециво

1 ванилин шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, зејтинот и сокот од портокал. Додадете ванилин шеќер, а потоа и сечканите урми и дел од оревите (дел оставете за одозгора), ставете по желба брусници претходно потопени во малку рум и 2 лажици мармалад. Изрендајте ги јаболкото и морковот и додадете ги во смесата.

Ставете ја смесата во тепсија обложена со хартија за печење и одозгора истурете една лажица мелен рогач и размачкајте го низ смесата.

Ставете го колачот да се пече и печете околу 35 минути.

Проверете со чепкалка дали е готов.

Поросете го одозгора со сечкани ореви.