Прифатете ги најдобрите прехранбени навики на Индијците

Иако е убаво да се држиме до традицијата, не е лошо понекогаш да ѕирнеме и во туѓиот двор и да прифатиме некои добри прехранбени навики на некои други народи. На пример, еве што би можеле да прифатиме од прехранбените навики на Индијците

0
497

Кога станува збор за храната, Индијците немаат некој посебен „свој начин“ но во нивниот начин на исхрана можете да забележите доста влијание од ајурведата која е еден од најстарите начини на лекување.

Ајурведа се практикува во Индија повеќе од пет илјади години и многу пати и самата нука докажала дека има многу позитивно влијание врз здравјето на луѓето.

Еве три основни навики кои Индијците ги почитуваат кога станува збор за храна, а кои се во согласност со ајурведата.

Наместо лекови – зачини. Разновидноста на зачините е сигурно една од главните карактеристики на индискта кујна и тоа со добра причина затоа што тие зачини имаат навистина силни лековити својства. Најчесто се користат цимет, куркума, коријандер, каенска пиперка, семе од анасон, ким, кардамон … Сето тоа се зачини кои за нашето поднебје се прилично ретки, но топло ви препорачуваме да пробате да ги воведете во секојдневната исхрана.

Свежи намирници на прво место.  Втората ставка е тоа што во Индија оброците се приготвуваат исклучиво од свежи намирници, а разни преработки речиси и не се застапени, дури ни замрзнат зеленчук. Ајурведата на прво место поддржува токму таков начин на исхрана. Тоа значи да избегнувате индустриски преработена храна и да користите сезонски намирници.

Милиони Индијци се вегетаријанци. Вегетаријанската исхрана не само што во целост ги обезбедува сите нутритивни потреби на човекот туку го намалува ризикот од многу болести, на прво место срцевите заболувања, потоа дебелината, како и разни видови карциноми.

Ако не сте во состојба сосема да се откажете од месо, за почеток намалете ја неговата употреба. Исфрлете еден месен оброк неделно, еден заменете со риба и сигурно ќе се почувствувате подобро. Со време можете уште повеќе да ја намалите употребата на месо, посебно ако забележите дека не ви недостасува.

Фото: Pixabey