Природен еликсир против воспаленија, болки и рак, а толку вкусен…

Заборавете на кечапи , мајонези и други мрсни или зашеќерени сосови. Со само три калории во лажичка сенф купувате природен еликсир за здравје и долговечност

0
546

Иако популарните сендвичи  хот-дог навистина имаат многу малку заедничко со здравата и избалансирана исхрана, сенфот без кој не може да се замисли овој сендвич е токму една од нив.

Последните години сенфот кој до скоро беше во сенката на мајонезите и кечапите, почна да се наметнува како здрава и вкусна алтернатива на овие класични, нездрави намази.

На кој начин сенфот влијае позитивно на нашето здравје

Сенфот се прави од семки од горчица кои се мелат а потоа се мешаат со вода и оцет, а понекогаш во оваа мешавина можат да се додадат и други вкусови и зачини. Токму од нив и од видовите на семките зависи и јачината и вкусот на конечниот производ.

Сенфот за разлика од мајонезот и кечапот има многу малку калории. Една лажичка сенф има само три калории и воопшто масти. Во сенфот не се додава шеќер па ако сакате да ослабнете, а не можете да се откажете од овие додтоци, дефинитивни, наместо мајонез и кечап, почнете да користите сенф кој можете да го јадете колку што сакате. А секоја здодевна диетална храна може да биде поинтересна и повкусна со малку сенф.

Превенција на рак

Семките од горчица спаѓаат во групата растителни видови од родот Brassica, во кој помеѓу другите спаѓаат и брокулата и зелката. Овој зеленчук е познат по високиот процент на глукосинолат, состојка за која се верува дека има силни антиканцерогени својства.

Антивоспалителни својства

Во повеќето сенфови кои се консумираат на овие простори се додава куркума како засилувач на бојата и вкусот, а знаеме дека куркумата е извор на куркумин, состојка за која неколку истражувања потврдиле дека има силни антивоспалителни својства. Исто така, куркуминот веќе некое време се проучува и поради својата улога во намалувањето на ризикот од рак, особено рак на дојки, дебело црево и простата.

Помош кај реума и артритис

Бидејќи куркуминот има и силно антиоксидативно дејство, помага за намалување на болките во зглобовите како и за воспаленијата поврзани со ревматоиден артритис. Некои студии покажале и дека би можел да помогне во превенцијата на Алцхајмер.

За кој вид на сенф и да се одлучите, нема да згрешите. Во денешно време постојат навистина многу варијации, и речиси е невозможно да не најдете барем една што ќе ви се допадне.