Пудинг од јаболкa со суво грозје

0
1573

Состојки:

450 г леб, на коцки
1 јаболко, исечкано
1 шолја суво грозје, потопено во вода 15 минути
3 јајца
¾ шолја шеќер
¼ лажичка цимет
1/8 лажичка морско оревче
1/8 лажичка ѓумбир
¼ лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка сол
3 шолји млеко
2 лажици меласа
¼ шолја бадеми, сечкани

Приготвување:
1. Ставете ги коцките леб во тава и потпечете ги рерна 6 минути да станат крцкави. Префрлете ги во сад во кој ќе ги додадете грозјето и јаболките.

2. Изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте ги зачините, ванилата и солта.

3. Загрејте ја меласата со млекото до степен да можете да ги допрете со рака. Полека сипете го млекото во јајцата.

4. Сипете го лебот во тава, а врз него смесата со млекото. Нека отстои 5 минути. Одозгора ставете ги бадемите.

5. Печете во средина на рерната околу 40 минути. Нека се олади 15 минути пред да го послужите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

10 + sixteen =