Пуканките можат да бидат многу здрави, но не сите

Кутијата со пуканки кои обично ги купувате кога одите во кино, содржи толку јагленохидрати колку што имаат пет кришки леб, а полни се и со натриум.

0
156

Пченката содржи доста хранливи состојки како витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои му помагаат на организмот во борбата против разни болести. Освен тоа, тие заситуваат за разлика од рафинираните житарки кои во процесот на преработка ги губат влакната и нутриентите. Научнците дури тврдат дека внесувањето на целовити житарки има врска и со подолг живот, помалку воспаленија и понизок ризик од срцеви болести, тумори, дијабетес и дебелина.

Велат и дека три порции целовити житарки на ден го намалуваат БМИ (индекс на телесна тежина) и сало на стомакот.

Многу научници и нутриционисти се загрижени поради влијанието на ГМО храната на здравјето, особено затоа што таа с уште е е доволно истражена. А ако сакате да избегнете ГМО, на кесичката со пуканки побарајте ги ознаките кои потврдуваат дека не е ГМО или дека се произведени по органски пат.

Масло

Кога купувате пуканки обрнете внимание на видот на масло на листата со состојки. Најдобри и најздрави масла се екстра девственото маслиново масло и авокадовото масло. Здравите масла се добри за срцето, а имаат антивоспалителни својства и мононезаситени масти (MUFA), советува нутриционистката д-р Синтиа Сас и објаснува:

Маслата кои имаат повеќе омега 6 масни кислеини спаѓаат помеѓу оние масла кои можат да поттикнат воспаленија, а тука спаѓаат сончогледовото, она од соја и пченкарното масло. Дома пуканките можете да ги правите во микробранова печка без масло, а потоа да им додадете маслиново или масло од авокадо.

Зачини

Во купечките пуканки се додаваат и зачини, но освен оние едноставните како сол и црн пипер, можат да содржат и некои поштетни и неоргански млечни состојки како путер или сирење. Слатките пуканки често содржат штетни шеќери или засладувачи, па пред да навалите, проверете што има во пакувањето.

Ако ги правите дома, можете да додадете суво овошје, јаткасти плодови или семки, а можете да ги јадете и со сос од куркума или само да ги поросите со црн пипер, цимет или какао. И секако, кога ги правите дома, сами контролирате колку сол и други зачини ставате во нив.

Заклучок

Пуканките можат да бидат здрави грицки, но нивниот нутритивен квалитет варира. Доктор Сас објаснила  дека се најздрави оние од органска пченка која не е ГМО, зачинета или печена на маслиново или авокадово масло со малку сол. Внимавајте и на количината. Можете да изедете најмногу три до три ипол шолјички наеднаш.

Инаку, кутијата со пуканки кои обично ги купувате кога одите во кино, содржи толку јагленохидрати колку што имаат пет кришки леб, а полни се и со натриум.

Фото: Pixabey