Ракот ги напаѓа подебелите четири пати почесто од останатите

Во развиените земји, вишокот на килограми е втор меѓу причинителите на ракот, веднаш по пушењето, е заклучокот од студијата со која е утврдено дека големината на ризикот кој досега ѝ беше припишуван на дебелината како причина за заболување од рак, е битно поголема отколку што се сметало досега.

0
272

Трудот на групата автори објавен во International Journal of Epidemiology, наведува дека дебелината е двојно поголем ризик за заболување од рак на бубрези, јајници, матка и аденокарцином на хранопроводникот, четири пати за рак на панкреас и рак на дебелото црево.

До ваков заклучок се дошло со специфичен метод, т.н. Менделова рандомизација и анализа на акумулираната изложеност на вишок на килограми во текот на годините.

„Менделовата рандомизација произведува проценки на причински односи, поконкретно, користи одделни варијации на гените со позната функција со цел да се направи проценка на каузалните влијанија на настанувањето на некој процес, болест, итн.“,  објаснуваат стручњаците и напоменуваат дека резултатите добиени со таква анализа немаат апсолутна сигурност бидејќи не ги вкалкулирале непознатите генетски варијации кои исто така можат да имаат голема улога во настанувањето на болестите.

Досега, како што стои во студијата, се сметало дека шест отсто од сите видови рак може да ѝ се припишат на дебелината, но податоците собрани за тој труд велат дека тој податок е веројатно потценет.

Споменатата студија не е прва која се занимава со истражување на дебелината како причинител на одделни видови рак, но открива дека таа поврзаност е многу поголема отколку што се мислело досега.

Фото: Pixabey