Расте популарноста на специјалитетите со инсекти

Јадливите инсекти се во пораст и стануваат сè попопуларни од нутриционистички причини, но и поради придобивките за животната средина.

0
55

Да добиете тако со крцкави инсекти или пржени скорпии на менито на вашиот омилен органски и одржлив ресторан има прилично добри шанси во иднина. Јадливите инсекти се во пораст и стануваат сè попопуларни од нутриционистички причини, но и поради придобивките за животната средина.

Според извештајот на Global Market Insights, се очекува глобалната големина на пазарот за јадење на инсекти да порасне од над 55 милиони долари во 2017 година на над 710 милиони долари до 2024 година.

Јадењето на инсекти стаса дури и во нашиот регион, па неодамна на оваа тема зборувавме и со Даниел Пикл, сопственик на првата фарма за јадливи инсекти во Хрватска и во регионот.

Во западниот дел на светот, гастрономскиот аргумент е во движење, а многуте врвни ресторани веќе му се придружија, како на пример, повеќекратниот победник за најдобар ресторан во светот, Нома во Копенхаген, кој стана познат по своите напори да ги направат инсектите прифатлива храна за иднината. Друг храм на висока гастрономија, Сао Паоло Д.О.М., кој беше деветтиот најдобар ресторан во светот, беше на насловните страници пред неколку години, поради нивниот деликатес – сирови амазонски мравки сервирани на коцка од ананас.

Во ерата во која загриженоста за климата во светот продолжува да расте, експертите редовно поттикнуваат екстремна и можеби дури и креативна акција. Оттаму, застапниците на јадливите инсекти на цел глас зборуваат за придобивките за животната средина од попрскувањето на вашите јадења со штурци, скакулци и мравки.

Инсектите содржат многу протеини и минерали, но трошат многу помалку ресурси за нивното производство од животинското месо.

Фото: Pixabey