Равиоли со јајца

Овие прекрасни равиоли изгледаат навистина фантастично, а кога ќе ги направите и ќе ги пробате ќе видите дека имаат и фантастичен вкус. Доколку правите помалку порции, можете соодветно да ги намалите состојките. Оваа доза е за 8 порции.

0
197
CL April 16: Wow! Egg Ravioli

Состојки:

1/2 шолја сирење

2 1/2 лажици исечкан свеж босилек

4 лажици маслиново масло

2 лажици рендана кора од лимон

1/2 лажица свежо мелен црн пипер

1/4 лажичка сол

20 г пармезан

16 коцки лиснато тесто (можете да ги обликувате во кругови, како на сликата)

8 цели жолчки

1 белка од јајце, изматена

4 лажици сечкан свеж власец

Рендана кора од лимон (по желба)

Приготвување:

  1. Измешајте ги првите 7 состојки во мал сад.
  2. Развлечете ги тестата колку што можете потенко и ставете во средина од кругот по 1 лажица од приготвениот фил во средината на секое тесто и благо притиснете го со задниот дел од лажица во форма на гнездо во кое ќе ставате по една цела жолчка на секое тесто.
  3. Премачкајте ги страните со изматената белка и одозгора затворете ги со по уште едно развлечено тесто во форма на круг.
  4. Спуштајте ги на 1 до 2 минути во вода што врие и вадете ги внимателно со лажица – решетка. Наросјете ги со исечкан власец и по желба со рендана кора од лимон. Послужете веднаш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here