Ресторан на грешни нарачки

Ресторан во Токио вработува келнери со деменција па нарачката, односно храната што ја добиваат гостите никогаш не е онаа која ја нарачале

0
182

Најфрустрирачко нешто што може да ви се случи кога јадете надвор е да нарачете едно, а да добиете нешто сосема друго. Изненадувачки, но еден ресторан го нуди само тоа – Ресторанот на грешни нарачки се појавил во областа Toјосо во Токио, а неговата мисија е да вработи келнери со деменција.

Тезата на овој поп-ап ресторан во пробниот период од 2.до 4.јуни беше дека персоналот кој во случајот беа луѓе со деменција може да ви донесат погрешна нарачка. Но доколку одите таму знаејќи за ова однапред, тоа ќе ја смени вашата перцепција за оние кои страдаат од болестите на мозокот. Ова искуство треба да направи луѓето да сфатат дека со малку разбирање од нивна страна пацинетите со деменција можат да бидат корисни членови на заедницата.

Мизухо Кудо, блогер кој пишува за храна го посетил ресторанот, нарачал хамбургер а добил кнедли, кои биле неочекувано вкусни. Исто така, Кудо потврдил келнерите цело време биле насмеани и се заедно изгледало многу забавно.

waiters-dementia-restaurant-of-order-mistakes-tokyo-9

Сега, по пробниот период, еден од иницијаторите на овој поп-ап ресторан, Мегис Токио (јапонска верзија на британскиот Мегис Центар) планира уште еден поп-ап настан како овој во септември за да го одбележат Светскиот ден на Алцхајмеровата болест (21-ви септември).

waiters-dementia-restaurant-of-order-mistakes-tokyo-7

waiters-dementia-restaurant-of-order-mistakes-tokyo-13

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

fifteen − 9 =