Рижото за појадок

Ете тоа е, ако имате колега мераклија за готвење и, се разбира, за јадење, уште од сабајле ќе ви го разбуди апетитот. Денеска неговиот појадок беше интегрален ориз со шампињони и модар патлиџан. Го пробавме и беше навистина одлично, ал денте и пикантно.

0
118

Состојки:

Интегрален ориз

Шампињони

1 лута пиперка

Модар патлиџан

1 кромид

Домат

Сол

Маслиново масло

Приготвување:

Интегралниот ориз се вари за да биде ал денте. Шампињоните и зеленчукот се пропржуваат посебно, се зачинуваат и се додаваат во оризот.

Е да, доколку го сакате и вие следниот ден за појадок, оставете го да се олади и спакувајте го во некој сад со капак. Ставете малку повеќе за да има и за колегите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

20 + five =