Сакате да ослабнете, а не сакате да бидете на диета?

Има решение и за ова и се што треба да направите е да замените едни намирници со други

0
2002

Намалувањето на килограмите секогаш првин го поврзуваме со ригорозни диети, што не е целосно добро со оглед на тоа што после „суперефикасната“ диета обично килограмите повторно се враќаат. Ако сакате да ја намалите тежината еднаш за секогаш, тогаш ќе треба наместо едни намирници да го користите други – тие ќе го намалат бројот на калории што ги внесувате во организмот, а не се ништо помалку вкусни!

1. Наместо путер користете суви сливи
Веруваме дека оваа идеја ви звучи малку необично, но сувите сливи се ваш здрав сојузник. Ако во рецептот пишува да користите путер, маргарин или зејтин, заменете ги со исечкани и исчистени суви сливи.

2. Наместо крем сирење, користете свежа урда
Иако изгледа како лајт варијанта крем сирењето е многу помрсно од свежата урда, а се еднакво вкусни.

3. Наместо сушен концентрат, користете свежи зачини
Секогаш кога сте во моност употребувајте свежи зачини затоа што тие не содрат многу сол, а се многу поздрави и даваат побогат вкус.

4. Наместо путер и зејтин користете јаболко и јогурт
Зејтинот, путерот и маргаринот заменете ги со каша од јаболка и јогурт, па благодарение на вкусот на јаболкото ќе може да ја намалите и количината на шеќер.

5. Наместо мелено говедско, користете мелено мисиркино месо.
Причината е едноставна – меленото мисиркино месо поллесно се вари од говедското. Со самото тоа ќе го избегнете и дуењето на стомакот затоа што храната што побрзо се вари не предизвикува надуеност.

6. Наместо павлака користете јогурт и урда.
Исфрлете ја павлаката од рецептот и заменете ја со мешавина од јогурт и урда, ќе го намалите бројот на калории, а вкусот ќе остане ист.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here