Сакате да ослабнете пиејќи го утринското кафе?

Дали знаете дека ако на своето утринско кафе му додадете само две или три состојки, тоа може да стане вистински „согорувач“ на маснотиите?

0
238

Кафето е без сомнение омилен утрински напиток ширум светот. Разбудува, ја подига енергијата и прекрасно мириса. Освен тоа, го забрзува метаболизмот, а кога се консумира умерено, добра е и за срцето. Но дали знаете дека ако на своето утринско кафе му додадете само две или три состојки, тоа може да стане вистински „согорувач“ на маснотиите.

Со додавање на цимет и кокосово масло во кафето можете да изгубите неколку килограми без значајни измени во своите прехранбени навики.

Зошто е оваа комбинација толку моќна?

Циметот дава бројни здравствени предности. Тој е силен противвоспалителен агенс, а освен тоа, полн е со антиоксиданси што значи дека ги неутрализира негативните дејства на слободните радикали. Исто така, го намалува нивото на шеќер во крв. Ја поддржува разработката на шеќерите кои се претвараат во енергија. Така циметот го спречува таложењето на мастите во телото. Најпопуларен е цејлонскиот цимет.

Кокосовото масло е уште еден дар од природата со низа здравствени предности. Повеќето други масла содржат претежно долгосинџирести масни киселини, а кокосовото масло речиси во целост се состои само од средно синџирести масни киселини што значи дека во организмот се разградуваат целосно поинаку од долгосиџирестите маснотии. Средно синџирестите маснотии црниот дроб ги трансформира директно во енергија и како што покажале бројни истражувања, не ги претвара во телесни маснотии.

Медот е полн со шеќер, но тоа е природен шеќер. Исто така, медот изобилува со важни минерали како што се натриум, железо, цинк, калциум, калиум и фосфор. Освен тоа, медот содржи ниацин, фолат, витамин Ц, рибофлавин и витамин Б6. Се покажал како многу корисен за регулирање на холестеролот во крвта и за намалување на стресот. Медот обезбедува есенцијални хранливи материи и на тој начин го спречува недостатокот од минерали или витамини во телото. Сировиот непастеризиран мед е најздрав.

Состојки и начин на употреба:

Што ви треба:

½ шолјичка мед

¾ шолјичка кокосово масло

1 лажичка цимет

1 лажичка какао (по желба)

Приготвување:

Соединете ги сите состојки и направете компактна мешавина. Ставете ја во стаклен сад и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Додадете 1-2 лажички од смесата во шолја свежо приготвено кафе, добро имешајте и уживајте во вашето утринско кафе кое ги топи масните наслаги.

Фото: Pixabey