Салата со јачмен, моркови и наут

Има навистина многу можности кога сте љубител на салати, а која било варијанта со житарки е здрава варијанта

0
181

Состојки:

1/2 чаша јачмен

2 лажици плус 2 лажици маслиново масло

5 големи моркови (2 чаши)

1 лажиче ким

1/4 чаша фстаци

1 чаша варен наут

4 млади кромитчиња

1/4 чаша сечкано свежо нане

2 лажици сок од лимон

4 чаши рукола

Приготвување: 

1  Ставете 4 чаши вода во тенџере и кога ќе зоврие ставете го јачменот. Намалете ја температурата и варете го 20 минути. Исплакнете под млаз ладна вода и оставете го на страна.

2 Ставете 2 лажици маслиново масло во голема тава на средна температура. Додадете ги морковите и кимот и промешајте. Динстајте ги десетина минути, па додадете ги фстаците и динстајте уште 2-3 минути. Префрлете ги во сад за салата и додадете ги јачменот, наутот, нането, кромитчето, сокот од лимон и 2 лажици маслиново масло. Зачинете со сол и со црн пипер, покријте и оставете во фрижидерот да отстои 2 часа или преку ноќта.

3  Пробајте и по желба додадете уште сок од лимон, маслиново масло, сол и црн пипер пред да сервирате. Сервирајте со свежо исечкана рукола и поросте со ким.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here