Салата од грашок и козјо сирење

Наместо она здодевно вариво со грашок што обично го прават домаќинките, изненадете ги децата кои веројатно се муртат кога ќе им го ставите грашокот на маса со оваа необична салата

0
148

Состојки:

500 г грашок (свеж или смрзнат)

свеж млад спанаќ по желба

30 мл вински оцет

50 мл маслиново масло

1 лажица сечкан анасон

100 г козјо сирење

1 сечкан кромид

сол, црн пипер

Приготвување:

  1. Во лонец со врела вода го ставаме грашокот и го вариме околу 5 минути. Сварениот грашок го цедиме и оставаме да се излади.
  2. Во посебен сад го ставаме грашокот со ситно исечканиот кромид, лажичка сол, половина лажичка црн пипер, додаваме вински оцет, маслиново масло и се добро заедно мешаме.
  3. Ги додаваме и спанаќот и сечканиот анасон и сирењето па полека мешаме се заедно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here